Министерот Тошкоски со мешаните македонско српски патроли во Охрид

Четворица српски полицајци рамо до рамо со  македонски колеги, ова лето патролираа низ Охрид. Заедно се грижеа за безбедноста на локалните жители, домашните и странските гости.

Заедничките патроли се резултат на големиот број туристи од Србија, кои летово особено на крајот од овој месец се меѓу најбројните на брегот на Охридското Езеро.

Тие две недели беа најприсутни на најфреквентните локации во Охрид, додека во соседна Струга два месеци со македонските, патролираа  и двајца албански полициски службеници. Целта на овие мешани аптроли е подигнување на степенот на безбедност.

-„Ова е добра пракса , тие беа овде околу две недели ќе гледаме друата година да се подолг временски период да ја опфатиме целата сезона во Охрид. Исто така сакам да потенцирам дека заклучно со вчера имавме и полициски службеник од Р Албанија, кој исто така беше на територија на СВР Охрид, односно во градот Струга.Исто така сме задоволни од соработката со полициските службеници од Албанија имавме двајца полициски службеници“, вели Панче Тошкоски министер за внатрешни работи.

Српските полицајци задоволни од  работата во Охрид, велат српските туристи најчесто им барале сервисни информации и биле пријатно изненадени кога ќе виделе полициски службеници од својата земја на терен.

-Со денешната смена го завршуваме нашето делување овде.. Беше навистина убаво во текот на овие денови додека престојувавме , се запознавме со колегите, ни го претставија Охрид токму онака како што треба.Работевме на патроли и морам да кажам дека немаше никакви проблеми  воглавно беа интервенции кои ги решававме лесно“, вели Марко Тричковиќ полициски службеник од Србија.

Мешовитите полициски патроли за прв пат беа воведени во 2008 година.

Соработката за заеднички полициски патроли беше договорена за време на официјалната посета на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на Србија на 25 јули оваа година.

 

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани