Министерот Тошкоски: СВР Охрид ќе се премести во подобри услови во поранешната касарна

Министерот Панче Тошкоски пред неколку денови беше во посета на Охрид. Заедно со градоначалникот Пецаков беа во просториите во поранешната касарна. панчев најави дека СВР Охрид ќе се премести во нови канцеларии во рамките на поранешната касарна.

-При неодамнешната посета на СВР Охрид од страна на раководството бев запознаен со проблемот со просторните услови за работа на вработените, како и недостатокот на паркинг простор и тесниот пристап до постоечкиот објект особено во летниот период кога има голем број на туристи во градот. Воедно, бев инфомиран дека со одлука на Владата во 2022 година на МВР се доделени дел од објектите во касарната во Охрид кои не се користат.
Во тој контекст заедно со Кирил Пецаков – Градоначалник на Општина Охрид и пратеникот и носител на ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица 5, Ѓорѓија Сајкоски извршивме увид на објектите во касарната и заклучивме дека идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ во координација со МВР и Општина Охрид ќе ги преземе сите неопходни мерки за реконструкција на објектот со цел СВР Охрид да биде преместен во нови, подобрени и посоодветни простории за работа, а на местото на постоечкиот објект каде во моментот се наоѓа СВР Охрид да се изгради катна гаража и парк за рекреација на граѓаните, информира Панче Тошкоски.

Social profiles