Мирен сон апелира погреби само со кругот на семејството

Погребалното претпријатие Мирен сон од Охрид со апел до охриѓани погреби само со кругот на семејството.

Погребот се вбројува во собир со голем ризик од ширење на корона вирусот ( Covid 19 ) заради групирање на присутните на мал простор. Досега со наше максимално залагање помогнати од разбирањето на охриѓани за состојбата сите заедно покажавме дека на погребите можеме да се придржуваме на препораките од Д.К.Т. и од надлежните институции . Заради новонастанатата алармантна состојба во нашиот град ДООЕЛ Мирен Сон АПЕЛИРА до граѓаните погребите да се прават согласно сите препораки и ВО КРУГОТ НА ПОТЕСНОТО СЕМЕЈСТВО. 1. Пријавување на смртен случај ќе се врши на следниве телефонски броеви: 070 212 830 и 078 212 830 и лично во просториите на ДООЕЛ Мирен Сон. 2. Нашите 4 дежурни служби во договореното време опремени со заштитна опрема ќе го презема починатото лице и ќе го пренесува до мртовечница и ќе се чува во ладилник. 3. При преземањето ќе бидат преземани и личните работи кои се неопходни за припрема на починатите лица или истите ќе се донесат во просториите на ДООЕЛ Мирен Сон. 4. При преземањето на семејствата ќе им се даваат целосни писмени упатства, насоки и објаснување за организацијата на погребот или истите ќе се испраќаат на вибер од специјалниот број за оваа намена 070 520 321. 5. На некролозите кои се објавуваат и на нашата web страна видно се истакнува дека погребот ќе се изврши во КРУГОТ НА ПОТЕСНОТО СЕМЕЈСТВО и по можност без објавување на време на погребување. 6. Согласно одлуката на Владата, препораките од Министерството за здравство и препораките од Д.К.Т. СИТЕ ПРИСУТНИ ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА НОСАТ ЗАШТИТНИ МАСКИ, ДА НЕМА ГРУПИРАЊЕ И МЕЃУ СЕБЕ ДА ГО ДРЖАТ ПРОПИШАНОТО РАСТОЈАНИЕ. 7. Изложувањето и понатака ќе трае половина час и тоа на отворен простор . 8. Нашата канцеларија за контакт со клиенти каде се врши наплата и објаснување за понатамошните постапки ќе работи со претходна телефонска најава за договарање на термин . 9. Препорачливо е на погребите да присуствува само потесното семејство, а граѓаните сочувство да изразуваат преку телефон или преку социјалниоте мрежи. Ви благодариме што се придржувате доследно на нашите препораки и повторно Ве замолуваме сите и понатака да ги почитуваме владините мерки со што сите заедно ќе допринесеме погребите во Охрид да не бидат жариште на вирусот. СО НАШАТА САМОСВЕСТ ДА БИДЕМЕ ОДГОВОРНИ ЗА НАС, ЗА ДРУГИТЕ И ЗА НАШИТЕ ПОКОЛЕНИЈА

Со почит, Тимот на ДООЕЛ Мирен Сон – Охрид

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани