Охрид има 112 лица во изолација

22 лица се во самоизолација.

Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие (11/12.06.2020 година), на подрачјето на СВР Охрид, едно лице не ја почитувале забраната за движење за време на спроведување на мерките за заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19 (Кичево-1). Тој е приведен и против него ќе биде поднесена пријава според членот 206-„непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
Во истиот период, полициските службеници констатирале 120 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-29, Струга-49, Кичево-33, Дебар-09). Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид – 19, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.


На подрачјето на СВР Охрид, моментно во изолација се 241 лице (Охрид-112, Струга-107, Кичево-22). Врз нив, полициски службеници извршиле вкупно 146 контроли (Охрид-67, Струга-57, Кичево-22). Во самоизолација, моментно се регистрирани вкупно 121 лице (Охрид-22, Струга-47, Кичево-13, Дебар-39). Врз овие лица, извршени се 71 контроли (Охрид-19, Струга-01, Кичево-13, Дебар-38). Воедно, полициските службеници самостојно но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 37 контроли врз угостителски и други објекти (Охрид-20, Струга-02, Дебар-15).

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани