56 активни случаи на корона во Охрид

Битолското инфективно одделение нема веќе капацитет за згрижување на новиот наплив на пациенти од охридско струшкиот регион.

Охридската болница ги јакне капацитетите и новите заразени со корона вирус се сместуваат во неа. Се направи реорганизација на Инфективно одделение во Охрид , каде моментално се сместени пет позитивни пациент , а останатите случаи суспектни и потврдени ке се сместуваат на одделот за Геријатрија.

„Вкупниот капациетет на позитивни пациенти кои шт ќе може да ги рпимиме позитивни и суспектни некаде ке биде околу 18 пациенти. Нормално во опција ке ги следиме и препораките на целата состојба која не може никој да ја предвиди„ вели Горан Балев директор на Охридската болница.

Епидемиолошката состојба во Охрид станува сложена , семејна прослава во градот , мекици за новородено бебе го „разгоре“ вирусот, досега се само од тоа групирање заразени 16 позитивни случаи.

„Од тој кластер што се најголем број позитивни случаи сите се ставени во изолација ги имаме под контрола. Ова се позитивни слуачи кои се јавуваат од исптратен материјал во понеделникот вторникот и средата:. И како што најавивме бројот на позитивни случаи очекуваме да расте“, вели сашо Точков директор на Центарот за јавно здравје Охрид.

Денес во Охрид има 10 нови случаи на корона вирус, вкупно во градот се 56 активни случаи. Повеќето од пацинетите имаат лесна клиничка слика. Новинар Соња Рилoвска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани