На Ќафасан уапсен жител на Пешкопеја по кој трагал Интерпол.
На 17.10.2020 во 01.30 часот при влез во Република Северна Македонија, на Граничниот премин „Ќафасан“, полициски службеници го лишиле од слобода Ц.Л.(34) од Пешкопеја, Република Албанија, затоа што при пасошка контрола било констатирано дека се наоѓа на стоп – листа со мерка „апси“, по барање од Интерпол – Атина, Република Грција. Тој бил приведен и во 05.30 часот бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Струга за понатамошна постапка.