„Најдоброто од Ѓоко Танески“ – три децении кариера

Солистички концерт на Ѓоко Танески на 20 јули, на Античкиот театар во Охрид.
Концертот насловен „Најдоброто од Ѓоко Танески“ е со почеток во 21:00 часот, а на сцената заедно со мене ќе застанат и Камерниот оркестар од Битола и моите специјални гости – Драган Мијалковски и Николче Мицевски.
Повод за концертот е јубилејот – 30 години кариера, а на репертоарот ќе се најдат сите песни кои ја одбележаа истата. Не пропуштајте ја можноста заедно да ги отпееме „Една љубов имам”, „Збогум најмила”, „Мој пријателе”, „Никогаш доста”, „Цветај расцватај”, „Купив се”, „Јас ја имам силата”, „Ти должам сѐ”…
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од 20 јуни, и тоа онлајн преку мрежата на Мктикетс, како и во продажните салони на „Литература” низ републиката и „Кај Аждер“.
Оваа година е мојата јубилејна година – 30 години кариера, а бидејќи јубилеите имаат смисла само ако се прославуваат и со драги луѓе – каде и да сте на 20 јули во Охрид да сте.
Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани