Препораката е со посебен акцент кон вработенитете во админстрацијата.
Народниот правобранител во пресрет на претседателските избори и предвремените избори за градоначалници на оштините Охрид, Дебар и Ново Село, ги потсетува граѓаните, за важноста на избирачкото право и начинот на остварувањето и заштитата на ова право, а воедено упатува апел до институциите и сите други за обврската и одговорноста од создавање на реални услови за овозможување, почитување и остварување на избирачкото право на граѓаните, како и правилата за фер и демократски избори.Народниот правобранител ги охрабрува сите, веднаш и без двоумење да ја пријават секоја форма на притисок, прекршување на нивните права и на прописите, покрај останатото и на отворената бесплатна телефонска линија на Народниот правобранител 0800 54321, непосредно во канцеларијата во Скопје и во подрачните канцеларии низ Републиката.Истовремено, Народниот правобранител укажува дека навремено и ефикасно ќе интервенира во сите случаи на пријавување на повреди на избирачкото право, а истото го очекува и од сите други надлежни органи.Народниот правобранител, посебен апел упатува до сите што се на раководни позиции во институциите и до други лица во јавната администрација, да не се осмелат на каков било начин да вршат заплашување и притисоци врз вработените, и да се однесуваат одговорно. Во спротивно таквото однесување е недозволиво и подлежи на кривична одговорност. Во оваа насока, Народниот праворанител ги охрабрува сите вработените во админстрацијата и сите други лица, без двоумење и страв сознанијата за таквите дејствија треба да ги пријават до надлежните институции и до Народниот правобранител, кој без исклучок ќе ја гарантира тајноста на податоците.
