Нема нови заразени од коронавирусот во државава

Нема нови заразени од коронавирусот, се чекаат резултати за уште едно лица.

Министерот за здравство Венко Фиплипче на прес-конференцијата во Владата, попладнево информираше дека нема нови заразени од коронавирусот во државава.
-„Двете лица кои беа тестирани сабајлево, имаат негативни резултати на коронавирусот. Едниот е возачот на камионот, а другиот жената која била во Рим. Во моментов се тестира уште едно лице кое било во Рим, и резултатите ќе ги имаме наскоро. Здравствената состојба на жената со коронавирус на инфективно е добра, добро се чувствува“, изјави Филипче.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани