Се кршеле стакла од куќа и бутик во Струга

Сторителите ќе добијат пријави од полицијата.

Вчера, Б.Х.(40) од селото Радолишта, струшко, пријавил дека Б.Х. ја оштетил влезната врата и искршил и стакла на два прозорци на неговата куќа во селото Радолишта. Истиот ден, во полициската станица Струга било пријавено дека Б.Х. и неговиот син Л.Х. со метална шипка искршиле две стакла од излог на бутик на ул.„Маршал Тито“ во Струга, сопственост на Б.Х.(40), при што извршиле претурање и оштетиле неколку предмети во бутикот. Увид извршила увидна екипа на полициската станица Струга. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случаите. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани