Невладините алармираат се гради на крајбрежието во струшко.
.jpg)
-„И покрај тоа што министерот Сугарески најави дека плажите на Охридското Езеро ќе преминат во ингеренции на Влада на Република Северна Македонија, тоа не ја спречува механизацијата и поединци континуирано да го уништуваат крајбрежниот појас, сосема да го видоизменат, односно да го претворат во градежно земјиште, иако во катастар стојат ниви, ливади, пасишта, реки и плажи.Градоначалникот Рамиз Мерко се повикува на одлуката на нивниот претходен коалиционен партнер, за легализација на дивоградбите на потегот од Далјан до специјалната болница „Свети Еразмо“, односно присвојувањето на брегот во тој дел. Ако можело за охриѓани, зошто да не можело за стружани. Притоа, ниедна партија не размислува за живиот свет, за јавните интереси, туку само да им удоволат на поединци заради лична корист. Не смее да се дозволи приватизација на крајбрежјето, бурно реагираат од граѓанската иницијатива Охрид СОС.
.jpg)
Против уништувањето на трските се јавија и „Еко патрола“, граѓанска иницијатива, која секојдневно го следи струшкото крајбрежје.
-„Еколошките проблеми се навистина социјални проблеми.
Тие почнуваат со луѓето како причина и завршуваат со луѓето како жртви.Остатокот од природната исто така е јасно жртва, но она што повеќето луѓе не го разбираат е дека еколозите се борат за опстанокот на нашиот вид. Природата на крајот ќе се опорави ако се уништиме. Следење на состојбата на појасот трски и екосистемот на Охридското Езеро во Струга.Активноста е дел од проектот: “Мониторинг, заштита и одржливо користење на појасот трски на Охридско Езеро”, што е дел од програмата која се реализира во рамки на проектот : ,,Подобрување на управувањето со заштитените подрачја“, финансиран од Европската Унија а се спроведува од страна на Програмата за развој на Обединетите нации во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање“, пишуваат од Еко патрола.
.jpg)
