Октишанец бил нападнат а тепачот избегал.
Струшката полиција е во потрага по жител на Долна Белица кој вчера попладне нападнал и претепал 43 годишен октишанец. Вчера,околу 16 часот и 30 минути, на улицата „Ѓуро Салај“ во Струга нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од лице од струшкото село Долна Белица врз О.О. (43) од селото Октиси.Полициската станица од Струга презема мерки за пронаоѓање на сторителот по што, против него ќе поднесе соодветна пријава.
