Со традиционалното авијациско добредојде – воден мост, погача, сол и колачи за патниците, ТАВ Македонија утринава го пречека првиот лет од Штутгарт на Аеродромот Свети Апостол Павле во Охрид.
Еуровингс како нова авиокомпанија влегува на македонскиот пазар, а од охридскиот аеродром се отворија две нови сезонски дестинации – Штутгарт и Дизелдорф.
Од денеска, Еуровингс ќе лета Штутгарт-Охрид два пати неделно, секој понеделник и петок, до 9 септември, а од 17 јули авиокомпанијата ќе ја отвори својата втора сезонска дестинација од охридскиот аеродром до Дизелдорф, на која ќе лета секоја среда до крајот на август.
„Се надеваме дека со овие две нови дестинации, Штутгарт и Дизелдорф, ќе успееме да го приближиме еден од најголемите туристички пазари во Европа тоа е германскиот пазар, до македонскиот пазар. Ќе се зголемат бројот на патници на аеродромот во Охрид, како и бројот на германските туристи на прекрасното Охридско Езеро. Очекуваме туристите од Германија да се запознаат со културно историските и природните убавини на Охрид. Во исто време, двете нови дестинации ќе отворат нови можности за локалното население кое ќе може да го избере Еуровингс за нивните патувања и да ги искористат поволностите од широката мрежа на 210 дестинации низ целиот свет, вклучувајќи и далечни дестинации до Северна Америка, Јужна Америка и Азија’’, изјави Алпер Ерсој, Генерален директор на ТАВ Македонија.
Охридскиот аеродром е рангиран како еден од првите три аеродроми во Европа, според стапката на најголем раст на бројот на патници во првиот квартал од 2019 година, која е 63,9%, што е значително повисоко од просекот на ЕУ. Оваа година на охридскиот аеродром се очекуваат над 300 илјади туристи што е вистински рекорд и процут , вели првиот човек на Агенцијата за цивилно воздухопловство.
„Во 2014 година на охридксиот аеродром имаше 45 000 патници оваа 2019 година само во август во Охрид ќе слетаат и полетаат 45 000 патници. Бројкте се фрпантни и прекрасни а ова што денеска се случува на охридксиот аеродром на сите нас ни дава за право кои верувавме дека аеродромот ќе доживее бум, процут, експанзија на сообраќај тоа и се случува. Инаку само за споредба минатата година на аеродромот Охрид имаше 184 000 патници а оваа година 2019 ќе има над 300 000. Значи тоа е енормоно зголемување и на бројот на патници и на бројот на операции на воздухоплови. Јас се сеќавам кога овде во текот на една недела имаше само еден лет во недела. Денеска тринаесет воздушни превозници од Европа го поврзуваат аеродромот Охрид со 20 аеродроми- атрактивни дестинации во 12 држави во Европа. Овие бројки нема да застанат ќе се двиѓат во ангорна линија“-, вели Томислав Тунтев дирекотр Агенцијата за цивилно воздухопловство.
0825„Секое ново авионско поврзување претставува освојување и откривање на нови хоризонти , можност за нови патувања, туристички развој како и воспоставување на нови деловни односи. Како резултат на заложбата на владата и ТАВ како и нивниот внимателен, грижлив однос кон аеродромот воспоставени се низа авионски летови а Охрид стана позврзан град. Позитивните влијанија се чуствуваат во бројот на туристи како и оставрените ноќевања во нашиот град“, реќе Живка Ангелоска претседател на Советот на општина Охрид.
Охридскиот аеродром Свети Апостол Павле во моментов опслужува 20 дестинации, од кои 8 се редовни нисокобуџетни авиолинии преку целата година: Цирих, Базел, Виена, Лондон, Малме, Милано, Меминген и Дортмунд. Останатите 12 дестинации од охридскиот аеродром се сезонски, од април до октомври: Амстердам, Брисел, Истанбул, Талин, Тел Авив, Варшава, Ајндховен, Катовице, Мастрихт, Адана, Штутгарт и Дизелдорф.
Авиокомпаниите што во моментов летаат од аеродромот во Охрид се: Виз Ер, Еделвајс, Германија Флуг, Пегасус, Онур ер, Корендон, Брисел ерлајнс, ТУИ флај, Нордика, Ентер ер, ЛОТ, Хелветик и Еуровингс.
Новинар Соња Рилковска