Концертот ќе е на 3 август.
Една од најголемите ѕвезди во регионот, пејачот Жељко Јоксимовиќ ова лето доаѓа во Охрид. Според организаторите – Прагма Продукција, концертот е закажан на 3-ти август 2019 год., на стадионот “Билјанини Извори”.
“Ја обожавам македонската публика, едвај чекам да настапам во прекрасниот Охрид. Неверојатно е чувството да настапиш пред десет илјади публика која во еден глас ги пее сите твои песни, дефинитивно ќе биде една незаборавна ноќ! Затоа ќе ги поканам сите да се придружат и ќе им ветам дружба и забава која не била приредена подолго време”, изјави Јоксимовиќ.