Нови клучки и алтернативни патишта ќе се дел од автопатот Кичево-Охрид.
Дополнителни осум клучки и 40 километри алтернативни патишта до населените места, ќе треба да се изградат како дел од автопатот Кичево – Охрид. Ќе треба да се ископаат и уште осум милиони метри кубни земја за да се стабилизираат свлечиштата и усеците кои во првичниот проект биле со големи наклони, оцени денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.По увидот во изградбата на автопатот Кичево – Охрид, Сугаревски најави интензивирање на активностите со напомена дека за отстранувањето на грешките ќе бидат потребни и време и пари. Клучно ќе биде, како што рече, работите да завршат до утврдениот во 2021 година.
