Обука за развој на вештини во Охрид

Фондацијата Голдилокс Стејт ќе го имплементира проектот “Мобилен OneStop Кариерен Центар” во 26 општини во Република Македонија со цел да ги зголеми капацитетите на младите и жените и да им помогне да развијат вештини за вработување и самовработување и да придонесе за зголемување на економскиот и бизнис развојот во сите 8 плански региони во земјата. 

На 21ви Јули ќе се реализира настан како дел од проектот Мобилен OneStop Кариерен Центар, каде главен говорник ќе биде  Филип Мишевски, извршен директор на Метропол Хотелите.

Настанот има за цел да им помогне на младите правилно да ја одберат својата кариера и да ги искористат своите вештини најдобро што можат притоа.

 Проектот ќе им помогне на учесниците да стекнат подлабоко познавање на трендовите и пазарните динамики во различни индустрии, постоечки или со потенцијал за развивање во нивните средини, како и кои се вештините што се потребни за успех и од аспект на потенцијален вработен, но и од аспект на потенцијален сопственик на бизнис во соодветната област. Тие ќе научат како да ги употребат нивните актуелни вештини и како да ги унапредат и ќе бидат мотивирани да преземат конкретни чекори за започнување или унапредување на нивните кариери.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани