Од утре до 22 март на сила полициски час од 22 до 05 часот наутро.
Владата ја прифати препораката на Главниот кризен штаб за воведување полициски час од 22 до 05 часот кој во сила ќе стапи од утре и ќе се спроведува до 22 март, а доколку бројките на болни продолжат да растат не е исклучено полициски час да биде воведен за цели викенди, соопшти премиерот Зоран Заев. Тој рече дека одлуката ќе има и превентивна функција, ќе се имаат предвид и претстојните празници, како рамазанските пости, па дали ќе има продолжување на мерката по 22 март, ќе зависи од препораките на Комисијата за заразни болести.
Ако не паднат бројките, не е исклучено да се воведе полициски час во траење на цели викенди“, рече премиерот Заев.
