Ова е дел од законските измени во Законот за спречување перење пари.
Од денеска, сите кои ќе сакаат да купат кола, бела техника или пак гарнитура поскапа од 500 евра, нема да можат да платат во кеш. Плаќањето ќе мора да го извршат само преку платежна картичка или со уплатници во банка. Стапуваат на сила законските измени во Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам, со кој плаќањето во ќеш е дозволено само за сметка до 500 евра. Законското ограничување власта го правда како алатка за борба против сивата економија и спречувањето на пуштање пари во промет од сомнително потекло. Прагот најпрво беше на 2 илјади евра, потоа се намали на илјада, за на крајот одлуката за дозволено плаќање во ќеш да е максимална сума од 500 евра. Ограничувањето важи и за физичките лица и за фирмите. Паричната казна за прекршувањето на законот се движи од 5 илјади до 80 илјади евра.