Одржана ревијата на здруженијата на пензионери од регионот

Во прекрасниот амбиент на манастирскиот коплекс во Калишта,во хотелот „Бисер“ во Струга,на 7 јуни 2021 година,се одржа 19 –тата Регионална ревија на песни,музика и игра,од Осмиот регион,на оваа фолклорна манифестација од западниот регион учествуваа здруженијата на пензионери,од Струга,Дебар,Лабуништа,Вевчани,Охрид и Дебарца,Македонски Брод,Кичево и Гостивар,кои ги организира Сојузот на здруженијата на пензионери на Македонија,а како домаќин на овогодишната 19 –та ревија по трет пат беше здружението на пензионери од градот на поезијата,Струга.

Пензионерите на свеченото отворање ги поздрави претседателот на ЗП Струга МИЛОРАД ТРПОСКИ,при што им посака добар настап на учесниците,а на гостите пријатен престој во градот.Тој посебно го поздрави присуството на Станка Трајкова,претседател на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија,Илија Адамчевски,претседател на собранието на СЗПМ,Ристо Трајкоски и Благоја Спироски ,членови на Републичката комисија за култура и Славко Трајкоски член на Извршниот одбор на СЗПМ.


Ревијата за отворена ја прогласи Станка Трајкова претседателка на Сојузот на пензионери на Македонија,кој во своето инспиративно обраќање го истакна значењето на оваа најмасовна пензионерска културна и мултиетничка манифестација,која особено во овој регион има голем придонес во негувањто на културната еднаквост и соживот помеѓу припадниците на сите етнички заедници.Притоа таа го нагласи и поширокото значење и придонесот на ревијата во Република Македонија,за што Министерството за култура ревијата ја прогласи за манифестација од посебен државен инерес.
-Ова манифестација,која е плод на заложбите на највозрасната,но и најмудрата генерација за негување на нашата богата традиција,е резултат на силната желба,посветеност и длабока почит на пензионерите кон трајните вредности на културата како наше национално и културно обележје.Само посебе е значајна и поради тоа што дава можност за дружење,сосцијализација и подолг и поквалитетен живот на пензионерите.Токму затоа,имајќи во предвид оваа успешна мисија на пензионерите.
Потоа,сцената први ја освоија учесниците од ЗП Струга,како домаќини,каде силно заечи музиката и настапија со песната Како Струга нема друга се редеа редоследно ЗП Кичево ,Гостивар,Охрид и Дебарца,Македонски Брод и накрајот со настап на ЗП Дебар.
Се свиреше и се пееја изворни народни и староградски песни на македонски и на албански јазик,а во блесокот на разбојните традиционални носии се препознзваше мултиетничноста и заедништвото што со векови се негува на овие простори.Оваа година беа воведени нови содржин: настап со лиературни творби,рецитали,кратки поговорки,скечеви,гатанки кои дадоа убави пораки.Симболиката на мултиетничкиот карактер на средбата беше искажана и со двојазичното водење на ревијат од Кристина Алексиеска и Шпреса Хоџа,како и со заедничко дружење на отворено на терасата од хотлот „Бисер“.


Благодарници за успешниот настап на учесниците им врачи претседателката на Сојузот на пензионери на Македонија Стакнка Трајкоска.
Заради вонредните услови предизвикани од корона вирусот,која состојба се следи во континуитет,а да не се прекине традицијата на овие настани ,ревијата се одржа на отворено каде што настапија 80 тината учесници
Со цел да се заштити здравјето на учесниците и гостите,беа почитувани предложените мерки од надлежните институции и од организаторот ЗП Струга,кој е носител на одговорност од непочитување на насоките.
На овогодишната Регионална 19 ревија,изостанаа хоровите,играорните групи,обичаите со настап на поголем број на учесници.А приоротет беше даден само на изведби,дует,трио и квартет,а најмногу до четири изведувачи,во траење од 3-4 минути,исто така беа и инструменталните изведби.
19-та Региинална ревија на песни,музика и игра ја следеше стручна жири комисиа формирана од СЗПМ,односно тоа беше истакнатиот режисер Томче Стојков, која накнадно ќе ги извести кои групи односно кое Здружение на пензионери ќе настапи на Репуличката културна манифестација,која ќе се одржи на 23 јуни во Скопје.
СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани