Охрид преполн со гости од земјава, охриѓани загрижени

Од синоќа Охрид се наполни со посетители од земјава. Најмногу од  градовите кои се под карантин затворени од синоќа до понеделник наутро.

Според слободните проценки над 20 000 возила  вчера попладне го напуштиле Скопје. 

На социјалните мржеи повторно „војна“. Охриѓани стравуваат дека неконтролианата посета на гости од ризичните  подрачја го загрозува и нивното здравје. Ја обвинуваат власта за погрешни решенија.

-„Доколку некои места се ставаат во карантин , жителите на тие места не смеат да ги напуштаат домовите. Повеќето кои требаше да останат затворени до понеделник, ги напуштија своите домови и заминаа Охрид, Маврово, Дојран на места со полабави мерки. Со тоа се шири опасноста за ширење на корона вирусот“, коментираат граѓаните. 

Хотелите не работат, а станоиздавачите не смеат да издаваат  апартмани и станови. Најголем дел од посетителите се сместуваат во сопствените викенд станови или си тераат гости. 

Во Охрид полицискиот час  денес, утре и недела започнува од 16ч до 05 ч наутро. 

новинар Соња Рилковска 

 

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани