Рекордни 177 нови случаи на корона, еден во Охрид

Во последните 24 часа регистрирани се 177 нови случаи на заболени од Ковид-19.

Резултатот е добиен по изработени 1245 тестa. Истовремено, 8 пациенти се излекувани, а починаа 2 пациентa позитивни на Ковид-19. Еден од Скопје и еден од Куманово. Со ова вкупниот број позитивни случаи во земјава достигна 2.789, а на починати 149. Распореден по градови бројот на новозаболени е следен: Скопје – 105 Куманово – 26 Штип – 15 Тетово – 13 Гостивар – 8 Гевгелија – 2 Дебар – 1 Струга – 1 Велес -1 Битола – 1 Охрид – 1 Валандово – 1 Св. Николе – 1 Неготино – 1

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани