Охриѓанец и стружанец се степале на градскиот кеј во Охрид.
На 02.11.2019 година околу 20 часот, на кеј „Македонија“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од С.Т. (40) од Охрид врз Ѓ.М.(58) од Струга. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
