Пожар во соба во затворот за малолетници во Охрид.
На 02.11.2019 година, околу 10 часот, во соба од затворското одделение за малолетници при казнено поправната установа „Затвор-Охрид“, избувнал пожар кој предизвикал оштетување на дел од инвентарот. Интервенирала Територијалната против пожарна единица а увид изврши полицискa екипa, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
