43 годишен охриѓанец ја влечел сопругата пред своите деца. Тој доби кривична пријава.
Поради постоење основи на сомнение за сторенo казнено дело ,,загрозување на сигурноста”, Секторот за внатрешни работи Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Г.Т.(43) од Охрид.
-Тој, казненото дело го сторил на 16-ти минатиот месец во 20 часот и 30 минути во семејниот дом во Охрид со вербална расправија со неговата сопруга. Притоа, сега пријавениот и упатил сериозни закани и навредливи зборови по што започнал да ја влече и заедно со малолетните деца да ја брка од станот, информира портпаролот на СВР Охрид, м-р Стефан Димоски.
