Охриѓанец со „БМВ“ бегал од охридските сообраќајци

23 годишен охриѓанец со своето „БМВ“ се обидел да им избега на охридските сообраќајци.

Собраќајната полиција од Охрид го фати 23 годишниот С.Ѓ. кој со своето „БМВ“ сакал да им избега.Тој за бегството е „награден“ од полицијата со кривична пријава.Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело “напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста”, Секторот за внатрешни работи Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против С.Ѓ.(23) од Охрид.
Како што информира портпаролот на СВР Охрид, м-р Стефан Димоски, пријавениот, делото го сторил на 25-ти минатиот месец околу 22,30 часот на булеварот „Туристичка“ во Охрид кога не ја почитувал наредбата на полицискиот службеник за запирање на патничкиот автомобил марка „БМВ“ со охридски регистарски ознаки, што го управувал.
-Тој, продолжил да го управува кон улицата „Карпош војвода“ каде го оставил а потоа излегол од автомобилот и почнал да бега. Набрзо бил пронајден од полициските службеници и при обид за легитимирање тој им спротивставил и физички нападнал еден полициски службеник, изјави портпаролот Димоски.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани