Октишанец бесправно си изградил куќа во Струга, тој добил кривична пријава.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Џ.Ш.(51) од село Октиси, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Во текот на 2019, на катастарска парцела на ул.„Цветан Димов“ во Струга пријавениот, како инвеститор, без одобрение за градење издадено од надлежен орган, изградил објект од втора категорија за индивидуално домување.
