Референт во „Галичица“ несовесно работел

Референтот не поставил чуварска служба.

„СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.П.(51) од охридското село Куратица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,несовесно работење во службата“, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Референтот за механизација при Јавното претпријатие за стопанисување со државни шуми „Македонски шуми“ – подрачно шумско стопанство „Галичица“ Охрид, на 25.10.2019 не поставил редовна чуварска служба во склад во сопственост на претпријатието, поради што од страна на Ј.М. од Охрид, бесправно било одземено товарно моторно возило, кое го искористил за свои потреби. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани