Разрушени згради, урнисани куќи, стотици повредени и засега четири жртви. Ова е епилогот на силните зејотреси во близина на Драч соседна Албанија. Состојбата повеќе од драматична.
Првата жртва беше повозрасна жена во Туман, кај Фуш Круја, која живеела во стамбена зграда која е целосно урната. На самото место се уште се расчистува, а во меѓувреме спасени се две деце.
Министерството за одбрана на Албанија кажа дека маж и жена загинале кога паднала зграда во Тумане, 36 км северно од Тирана. Едно лице загинало откако скокнало од неговиот дом за да избега од тресењето во Курбин, 50 км северно од главниот град.

Според албанските медиуми настрадал маж на возраст од 32 години, во Курбин, кој во обид да се спасили скокнал од балкон од поголема висина и починал.
Според министерката за здравство, Огета Манастирлиу, повредени се 150 лица, главно со скршеници и набиеници.
Ова е втор голем земјотрес по оној со магнитуда од 5,6 на 21 септември, кој оштети околу 500 куќи и за кој Министерството за одбрана на Албанија рече дека е најсилен во последниве 30 години.

Земјотресот кој траеше околу 20-на секунди силно се почувствува и во Македонија, како и послабиот потрес околу 7 часот утринава. Земјотресот беше почувствуван и во Бугарија, Босна, Србија, Црна Гора, Косово, Хрватска и Италија.
