Општина Охрид објави оглас за поставување урбана опрема

 

Општина Охрид објави оглас за поставување урбана опрема.

О Г Л А С бр. 01/2020 ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ВРЕМЕНО КОРИСТЕЊЕ НА ЛОКАЦИИ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА

  

Општина Охрид издава простор за поставување урбана опрема за комерцијално користење. Локациите за поставување на урбаната опрема се за следната намена:

 

I.  Локации за поставување урбана опрема – фрижидери за продажба сладолед –  14 локации

Поставување фрижидери се предвидени на следните локации:

  • по должината на улица „Македонија“ вкупно 11 локации
  • плоштад „Крушевска Република“ вкупно 1 локација
  • на ул,,Климент Охридски,, вкупно 1 локации
  • на пешачка улица кој води од канал Студенчиштакон хотел,,Парк,, – 1 локација.

На секоја локација можат да се постават максимално по 2 (два) стандардни фрижидери, стандардна корпа за отпадоци и чадор за сонце.

Графички приказ со нумерички ознаки на локациите се дадени во Изводот од Годишната програма за поставување урбана опрема во Општина Охрид за 2020 година.

ЛОКАЦИИ И ОБРАЗЦИ ЗА СЛАДОЛЕД

 

 

 
II. Локации за поставување урбана опрема за продажба книги – 5 локации:
  • Локациите за продажба книги се наоѓаат на просторот меѓу комплекс Летница и ТЦ Амам, вкупно 5 локации.

Продажбата на книги ќе се извршува на унифицирани тезги секоја со површина 4 м2.

Графички приказ со нумерички ознаки на локациите се дадени во Изводот од Годишната програма за измена и дополнување на Годишната програма за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2020 година.

ЛОКАЦИИ И ОБРАЗЦИ ЗА КНИГИ

 

 

 

III.  Локации за поставување урбана опрема за продажба уметнички слики – 4  локации
  • Локациите за продажба уметнички слики се наоѓаат на малиот плоштад кај Долна Порта, вкупно 4 локации.

Продажбата на уметнички слики ќе се извршува на простор секој со површина 4 м2.

Графички приказ со нумерички ознаки на локациите се дадени во Изводот од Годишната програма за поставување урбана опрема за 2020 година.

ЛОКАЦИИ И ОБРАЗЦИ ЗА УМЕТНИЧКИ СЛИКИ

 

 

 

IV.  Локации за поставување урбана опрема за продажба сувенири – 27 локации:

Локациите за продажба сувенири се наоѓаат:

  • на влезот во комплексот „Плаошник“ вкупно 4 локации
  • на патека од Самоилова тврдина кон комплексот „Плаошник“ вкупно 5 локации
  • на пешачка улица кој води од канал Студенчишта кон хотел,,Парк,, –  8 локации.
  • пред влезот на Антички театар – 1 локација
  • на ул ,,Македонија,, – вкупно 9 локации

Продажбата на сувенири ќе се извршува на унифицирани тезги со димензии 2.00 х 1.00 м.

Графички приказ со нумерички ознаки на локациите се дадени во Изводот од Годишната програма за поставување урбана опрема во Општина Охрид за 2020 година.

ЛОКАЦИИ И ОБРАЗЦИ ЗА СУВЕНИРИ

 

 

 

V. Локации за поставување урбана опрема за продажба – храна; на тротоар на ул. ,,кеј,Македонија,, – 8 локации

Продажбата на храна ќе се извршува на простор секој со површина 4м2.

Графички приказ со нумерички ознаки на локациите се дадени во изводот од Годишната програма измена и дополнувања на годишната програма за поставување урбана опрема за 2020 година.

ЛОКАЦИИ И ОБРАЗЦИ ЗА ХРАНА

 

 

Локациите за поставување на урбаната опрема ќе се издаваат за времетраење од 90 (деведесет) дена.

 

VI. Почетна цена за издавање на локација е:
  • локација за продажба на сладолед со почетна цена од 5.000.оо (пет илјади) денари/месечно по локација (на една локација може да се постават по два стандардни фрижидери);
  • локација до 4 м2 за продажба книги на унифицирани тезги со почетна цена од 8.000.оо(осум илјади) денари/месечно;
  • локација до 4 м2 за продажба уметнички слики со почетна цена од 8.000.оо (осум илјади) денари/месечно;
  • локација за продажба сувенири на унифицирани тезги (2м х 1м) од 2 м2 со почетна цена 3.000.оо (три илјади) денари/месечно;
  • локација до 4 м2 за продажбата на храна со почетна цена од 5.000.оо (пет илјади) денари/месечно.

6.1 Почетните цени за издавање на локациите се однесуваат за период од 30 (триесет) дена.

6.2  Во почетната цена за издавање на локација не се содржани трошоците за комунална такса, одржување на хигиена, приклучок и трошок за електрична енергија.

6.3 Трошоците за хигиена, приклучок и трошок за користење на електрична енергија паѓаат на товар на најповолниот понудувач.

6.4 Трошокот за комунална такса изнесува 7,00 (седум денари) од м2 дневно.

6.5 Договорите со најповолните понудувачи за точка I, II,III , IV и V ќе се склучуваат за период од 90 (деведесет) дена.

6.6 Поставувањето на урбаната опрема ќе отпочне по склучување на Договорот и добивање на Одобрение од Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште.

 

VII. Доставување на понуди

7.1 Понуди можат да достават физички и правни лица регистрирани за вршење на дејност.

7.2  Понудувачот треба да достави:

  • Понуда на унифициран образец; (Унифициранот образец може да се подигне во просториите на општина Охрид или на веб страната на општината ohrid.gov.mk
  • Уплатница на име депозит за учество на износ од 3.000.оо (три илјади) денари. Уплатата се врши на следната сметка:
    • Трезорска сметка: 1000000063095
    • Уплатна сметка: 84015206553
    • Приходна шифра: 723914 Програма 00

 

За правни субјекти
  • Потврда за регистрирана дејност (издадена од Централен регистар на РСМ или соодветен документ-доказ дека припаѓа на соодветно здружение-не постари од 6 месеци);
  • Потврда дека нема заостанати обврски кон општина Охрид-Локална самоуправа по основ комунална такса и закуп на локација; (потврдата ја издава Сектор за финансиски прашања при општина Охрид);

 

За физички лица
  • Фотокопија од лична карта
  • Потврда дека нема заостанати обврски кон општина Охрид-Локална самоуправа по основ комунална такса и закуп на локација; (потврдата ја издава Сектор за финансиски прашања при општина Охрид);

Понудите по точките I, II,III,IV и V да бидат со важност од 90 денови.

Депозитот на учесниците кои нема да бидат избрани за одредена локација е повратен, додека за учесниците кои ќе добијат локација на јавното наддавање ќе биде одбиен од вкупната цена на склучениот договор.

 

VIII.  Начин на доставување на понуда

Понудата треба да се достави во затворен плик со назнака:

„НЕ ОТВОРАЈ“
Општина Охрид

Комисија за спроведување на оглас за прибирање понуди за издавање на времено користење на локации за поставување урбана опрема бр. 01/2020

Дел:                              , Локација бр.                     

(се внесува делот и бројот на локацијата за кој понудувачот учествува,

 

НА ПРИМЕР I – продажба на сладолед, Локација бр. 5)
ул: „Димитар Влахов“ бр.57 6000 Охрид

НАПОМЕНА:

Комисијата не сноси одговорност за ненавремена и неуредна достава на понудите. Пример за адресирање на плик за достава на понуда:

 

 

 

„НЕ ОТВОРАЈ“

„Да не се отвора пред 26.06.2020 г

15.00 часот. Оглас бр.01/2020

Општина Охрид

 

Комисија за спроведување на оглас за прибирање на понуди за издавање на времено користење на локации за поставување на урбана опрема бр.

01/2020

Дел:                 , Локација бр.                   

(се внесува делот и бројот на локацијата за кој понудувачот учествува)

ул „Димитар Влахов“ бр. 57 6000 Охрид

 

Понудата се доставува по пошта или лично во Архивата на општина Охрид.

Општина Охрид нема никаква одговорност за ненавремена достава на понудата, нејзино предвремено отворање или губење на истата.

 

IX. Начин на отворање

Понудите да се достават најдоцна до 26.06.2020г во 15.00 часот.

Електронското Јавното наддавање ќе се одржи по евалуација на доставените понуди. Јавното надавање ќе сеодржина www.eaukcijaohrid.mk  Напатствија ,инструкции и лозинка во писмена форма ќе добијат сите учесници кои ги исполниле условите на најмалку 3 (три) дена пред јавното наддавање.

За денот и часот на јавното наддавање учесниците ќе бидат известени на контакт адресата на понудувачот и web страната на општина Охрид.

За избран ќе се смета понудувачот кој понудил највисока цена за локација под услов да ги исполнил условите предвидени во точка 7.2.

 

X.  Предмет на јавно наддавање

Предмет на јавното наддавање е тримесечната конечна цена;

 

XI. Склучување на договор

Договор ќе се склучи со понудувачот кој понудил највисока цена на јавното наддавање.

Договорот ќе се склучи во рок од три дена од денот на подигнување на Решението за избор на најповолен понудувач.

Пред склучувањето на Договорот понудувачот е должен во целост да ги измири сите трошоци кои произлегуваат од постапката вклучувајќи ја и комуналната такса.

Графичките прикази со нумерички ознаки на локациите за поставување урбана опрема заинтерисираните субјекти можат да ги превземат од web страната на општина Охрид, www.ohrid.gov.mk или секој работен ден од 14.00-15.00 часот во просториите на општина Охрид.

 Комисија за спроведување на постапка за издавање на времено kористење на површини за поставување урбана опрема со Решение бр. 09-4809/1 од 04.06.2020 г.

Татјана Стојческа
Јане Баткоски
Ана Снегар Стојкоска
Александра Пирузева
Биљана Анѓелоска

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани