Со пригодната свеченост, денеска Секторот за внатрешни работи Охрид го одбележа 7 мај-денот на македонската полиција.
Полициски службеници Јован Ѓонески од полициската станица од општа надлежност Охрид, Јован Милошески од оделението за криминалистичка техника и Николче Милошески од полициската станица за безбедност во сообраќајот на патиштата Охрид, добија благодарници за посебен придонес, успешна соработка и поддршка во работата на Секторот за внатрешни работи Охрид.

