Никола Паскали познатиот дипломиран археолог за подводна археологија со реакција во однос на иницијативата на Вмро Народна за изгадба на Музеј на Езерото.
-„Музеите во Охрид се мртви, покренете иницијатива да им дадеме живот на постоечките, чистачки држат смена, вработените не знаат странски јазици и многу други несфатливи работи. Во Заливот на Коските кустос е девојка со шумарски факултет и бла бла бла…
А место да правите музеј на Охридското езеро има многу попаметни работи за заштита, афирмација и презентација.Да, музеј убаво е да има, но тоа е последна фаза.
Европа е многу далеку со вакви институции“, пишува Паскали.
