Перчо Божиноски избран за претседател на Советот на општина Охрид

Со седумнаесет гласови за, денес на четириесет и втората седница, Перчо Божиноски е избран за нов претседател на Советот на Општина Охрид. Претходно советниците донесоа одлука за престанок на мандатот на Сашо Донев, поради неговиот избор за пратеник во собранието на Република Македонија.

На истата седница беше верификуван мандатот на новиот советник Александар Здравески.

-Огромна е честа, обврската и дадената доверба да се извршува функцијата Претседател на Советот на Општина Охрид продолжувајќи ја онаа воспоставена практика на чесно и достоинствено работење од претходниот претседател на Советот, Сашо Донев, како и на меѓусебна соработка на сите советници и всушност одлуките кои ќе бидат донесени да бидат изградени преку договор, консензус и сите да бидат во интерес на граѓаните.Ќе ги почитувам обврските и ќе ги вршам совесно и при нивно вршење ќе ги почитувам Уставот, законот, прописите на Советот и ќе го штитам уставниот поредок на Република Македонија, секогаш со почит, доверба и поддршка за Кирил Пецаков – Градоначалник на Општина Охрид.Обврска која пред сѐ гледам водена од принципите на законитост, работа, чесност, праведност и носење на сите оние одлуки кои се во интерес на охриѓани и кои се за подобрување на животот на самите граѓани. Носење на оние одлуки кои ќе се раководат според Законот за локална самоуправа и останатите закони, водејќи се од интересите како избрани советници добивајќи го четиригодишниот мандат и оние проекти, барања и ветувања кои ги имавме пред охриѓани до крајот на овој мандат да ги завршиме, а со тоа да го исполниме ветувањето кое сме го дале пред изборите.Благодарам за искажаната доверба од Градоначалникот, претходниот Претседател, партијата и на колегите советници за дадената поддршка и му посакувам добредојде и на новоизбраниот советник во Советот, Александар Здравески и посакувам со успех да ја врши фукцијата, напиша Божиноски на својот фејсбук профил.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани