Пешак тешко повреден во сообраќајка

Повредениот е 70 годишник, тој е задржан во болница.

На 23.07.2019 година во 17.45 часот, на крстосница од улиците „Железничка“ „Винковачка“ во Охрид, случена е сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил марка „Сеат“, управувано од П.Т. (35) од Битола и пешаk Љ.Н.( 70) од Охрид.
Тој се здобил со тешки телесни повреди поради што е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен е увид на местото на сообраќајната незгода, изјави Стефан Димоски,портпарол на СВР Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани