Притвор за стружаните-шверцери на марихуана и кокаин

53 и 31 годишните стружани се фатени во полициска акција кај Рача.

Поради постоење основи на сомнение дека сториле казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против С.Л.(53) од струшкото село Долна Белица и С.И.(31) од Струга. На двајцата изречена им е мерка притвор во траење од 30 дена.
Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид, информира дека „ на 18 овој месец, околу 23.00, при претрес извршен во патнички автомобил „Форд Фокус“ со струшки регистарски ознаки, управуван од С.Л. пронајдени се три црни патни торби со 26 паковања во кои имало 47 килограми и 745 грама опојна дрога Марихуана и 47,68 грама Кокаин.“

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани