Се врати слатководната охридска школка , која исчезна пред повеќе децении.
Нуркачите на клубот „Акватек“ деновиве снимија колонија водни школки и пожави на дното на Охридското езеро. Во минатото слатководната школка ја имаше, но се смета дка исчезна поради загадувањето на водата.
-„При едно нуркање се изненадивме кога видовме една колонија на полжави и школки, а во нивна близина јајца од кои се развиваат ларви“, вели нуркачот Никола Паскали.
Затоа Охридското езеро е толку специфично во него има ендемични видови, живи фосили стари милиони години.