Денеска се регистрирани 5 оздравени пациенти во Скопје и во Неготино. Потврдени се 10 нови случчаи. На Клиниката за инфективни болести, за жал, имаме еден починат од Делчево на 60-годишна возраст со други придружни малигни болести, соопшти на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.
Вкупната бројка од почетокот 1674, оздравени 1205, починати 92 и активни пациенти 977.
На Клиниката за инфективни болести во изминатите 24 примени се тројца нови пациенти, вкупно хоспитализирани се 41 пациент.
Во изминатите 24 часа направени се 189 тестирања. Ги отфрлам шепкулациите дека има некоја причина и тенденциозно се намалува бројката на тестови. Се намалува бидејќи нема доволен број на пациенти со симптоми.
Од утре започнува скринингот на одредени критични категории, од утре ќе почнеме со вработените во градинка, тие се на број близу 2000.
