Петковска: Личната креација и одговорност на наставникот води до поквалитетно образование

Образованието е темелот и иднината на едно општество. Покрај задолжителната настава и воннаставните активности младите треба да  се запознаваат и со други теми од разни области како   лична хигиена, здравје, еколошките теми за зачувување на природата и водата, културата, обичаите, традицијата……

Личната креација и одговорност на наставникот е воведување во наставните и воннаставните активности  нови интересни содржини и анимации за поефикасна настава и подобар образовен процес. Наставниците треба да  користат  методи, техники и приоди за интересна мотивирачки настава на учениците, вели учителката Виолета Петковска од Охрид.

 „Јас со мојата соработка со глобалните учители и членување во асоцијации како основи на квалитетна настава, преку низа проекти глобални, работилници, со масовно учество на учениците, напоредно со тоа и константен професионален развој преку конференции, вебинари, семинари на коишто ние наставниците си разменуваме искуства напорно работам за поквалитетно образование.  Учениците се помотивирани кога работат во глобални проекти затоа што тие разменуваат меѓусебно, цртежи, плакати, пораки си пишуваат“, изјави  Виолета Петковска наставник по одделенска настава во утринската програма на МРТВ.

Еден од авторските трудови на Петковска е „Учење преку игра“. Целта на новите методи кои се воведуваат преку цртање, пеење  е развој на голем број вештини кај учениците.

-„ На  учениците многу забавно им е кога низ играта почнуваат да учат и имаат успешно учење. Од една страна, а од друга страна тоа вродува со плод за развој на многу нивоа на учениците, самодоверба, свесна активност, ангажман, поголема фокусираност, експериментираат им се развиваат и социјалните вештини, меѓусебно другаруваат се почитуваат разликите и сличностите помеѓу учениците а освен тоа се подигнува на едно повисоко ниво креативноста, решавањето на проблеми , критички размислуваат се самосвесни имаат повратен фидбек за она што го работат“, додава Петковска.

Петковска е добитник на 35 глобални награди , во 2019 година беше избрана во 100 најдобри учители и добитник на Светиклиментова повелба.

 

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани