Од денес почнува климатолошка есен. Денот започнува со уште едно свежо утро со утрински температури кои што ќе се движат во интервал од 7 до 16 степени, температури кои што се повисоки од повеќегодишниот просек.
Во текот на денот сончево и многу топло време со максимални дневни температури кои што ќе бидат во пораст достигнувајќи до 26 односно до 36 степени.
Во Македонија во сабота ќе имаме уште еден сончев ден и надпросечно топло време, со дневни температури кои што ќе се движат во интервал од 27 до 37 степени.
Промена на временската состојба ќе следи во недела со преодна дестабилизација на времето. Во понеделник и вторник се очекува свежо утро со температури од 5 до 14 степени, во текот на денот претежно сончево со локална облачност, ветровито и свежо време со пад на температурите.