Почнува учебната година, 435 првачиња во Охрид

Продолжува трендот на намалување на бројот на ученици во Охрид. Годинава во охридските училишта на првиот училишен час ќе седнат 435 првачиња, а лани биле 460. Што е цела една  паралелка помалку. Причините за намалувањето се во трендот на иселување и намалениот наталитет.

Советот на општина Охрид даде соласност за формирање на паралелки со помал број ученици од законскиот минимум.

-„ Драстично помал број од она што претходно сме биле навикнати. Кога станува збор за бројот на уписот на првачиња конкретно на седницата на Совет,  ние ќе мора да дадеме согласност за формирање на паралелки кои што се под законскиот минимум. Под 24 во основните, под 34 во средните училишта.  Пред две години беа 550 првачиња, лани беа 460“, вели  професорот Перчо Божиноски претседател на Советот на општина Охрид.

Последните години расте  интересот за стручно, а опаѓа  за гимназиско образование. Најголем интерес има за за електотехничките и машинските струки, особено  за информатичките и телекомуникациските профили. Концептот за дуално образование и потребата од работна сила во фабриките во регионот се  главните причини  за оваа состојба.

-„Со концептот на дуалното образование кај учениците предизвика интерес, но и отворањето на фабриките како Костал, ОДВ , Магна, побара таква работна сила особено знаејки дека целта на дуалното образование е произведување на онаа работна сила онаа струка која е потребна на пазарот на трудот. Исто и во средното угостителско и економско училиште, така што тој тренд овие години е значителен“, вели Божиноски.

Новиот концепт на едносменска настава во Охрид од утре стартува во охридската гимназија и во шест основни училишта.

Новинар Соња Рилковска

 

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани