Општина Охрид распиша објава за закуп на пет атрактивни плажи во Охрид.
Општина Охрид распиша објава за давање под краткотраен закуп на градежно земјиште сопственост на Република Македонија со намена Д3 спорт и рекреација –плажа по пат на електронско јавно наддавање.Објавата за нов закуп доаѓа по неколку координативни средби со досегашните закупци на петте супер-атрактивни плажи на првата линија на Охридското Езеро.Се работи за стопанисување со плажите: Потпеш, Канео, Куба Либре, Кадмо и Бела Виста.
Предмет на електронското јавно наддавање е градежно земјиште, сопственост на Република Македонија, предвидено со Детален Урбанистички план за УЗ 1 Блок 1.2, Блок 1.4 и дел од Блок 3.4, донесен со одлука на Совет на општина Охрид бр. 07-6092/40 од 30.06.2014 година, со намена Д3 спорт и рекреација – плажа, под краткотраен закуп со времетраење од 5 години, Урбанистички проект за уредување на плажите на дел од Охридското крајбрежје – потег Студенчишта-Елешец 2002 год. Согласно член 32, став 3 на Законот за просторно и урбанистичко планирање („Сл. на Р.М, бр.4/96, 20/97,18/99 и 53/2001). Се дава согласност на овој урбанистички проект со тех.бр 02/02 од Мај 2002 година, стои во објавата.
Пријавите за учество на јавното наддавање потпишани со дигитален потпис заедно со целокупната документација по електронски пат можат да се достават до 02.07.2018( 30 од денот на објавата)година, на следната интернет адреса: www.gradezno-zemjiste.mk Јавното наддавање ќе се оддржи на ден 04.07.2018 год. електронски на следната интернет страна www.gradezno-zemjiste.m
Објавата може јавно да се види на следниот линк http://www.ohrid.gov.mk/pdf/%D0%9E%D0%91%D0%88%D0%90%D0%92%D0%90%20%D0%91%D0%A0%D0%9E%D0%88%2004_18_PLAZI_2018.pdf
