Во 2020 ќе има попис во Македонија

Конечно-попис во Македонија. 

По 16 години во Македонија ќе има попис на населението. Државниот завод за статистика се подготвува во 2020 година да го спроведе од 1 до 21 април. Што ќе покаже тој и какви ќе бидат бројките не се знае, но во интервју за МИА , директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, врз основа на одредени статистики, вели „ Да ни беше добра состојбата, нема да бевме таму каде што се наоѓаме во моментот“.
За новиот обид за попис на терен ќе бидат ангажирани околу 5.000 попишувачи, а освен корисење податоци на терен, ќе има и податоци од регистри. Се проценува дека оваа операција ќе чини 8,5 милиони евра.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани