Полицискиот час „прекршен“ во Струга и Кичево

Охриѓани го почитувале полицискиот час.

Во текот на изминатото деноноќие (22/23.04.2020 година), според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид седум лица не ја почитувале забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19 (Кичево-6, Струга-1).
-Тие се приведени и против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Во истиот период, не се евидентирани кражби и нема регистрирано нарушување на јавниот ред и мир, изјави Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.


Димоски информира дека на подрачјето на СВР Охрид, евидентирани се вкупно 290 лица во изолација (Охрид-145, Струга-13, Кичево-21, Дебар-111). Од страна на полициски службеници извршени се 76 контроли кај лица во изолација (Охрид-66, Кичево-10). Моментно, вкупниот број на лицата во самоизолација изнесува 930 лица (Охрид-207, Струга-320, Кичево-145, Дебар-258). Врз овие лица, извршени се 134 контроли (Охрид-46, Струга-11, Кичево-28, Дебар-49). Полициските службеници извршија 37 контроли на угостителски објекти.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани