Во организација на Културниот центар „Бран“од Струга и Меѓународната ревија за литература „Бранувања“на 3 октомври 2020 година,во Центарот за култура „Браќа Миладиновци„-Струга,се одржа послание во чест на писателот Петко Шипинкаровски ( 1946 – 2020 ).
Посланието го водеше истакнатиот поет и публицист Мишо Китаноски,еден од најблиските соработници на Шипинкаровски како и уредник на ревијата „Бранувања“,кој даде осврт за творештвото на Петко Шипинкароски и ја прогласи за отворена изложбата на фотографии –портрети од животот на Шипинкаровски и 19-те насловни страници на ревијата „Бранувања“од фото репортерот Стојан Кукунешоски,која беше разгледана на крајот од Посланието.Презентерка на програмата беше младата поетеса од Вевчани Верица Мукоска.
Беа промовирани две книги потсхумно објавени:поемата „Обденица„и збирката раскази „Вечен живот“.
Првата книга „Обденица“ во издание на „Македонија презент“ја промовира проф,д-р Димитар Пандев,кој во своето браќање истакна дека „Обденица“е најновото поетско дело на познатиот и поет и раскажува Петко Шипинкаровски.Не случајно го потенцираме раскажувачот Шипинкаровски.Затоа оваа поетска збирка е всушност еп.„Обденица “преставува лирски еп.Можеби,најточно би ја определиле во поетскиот жарн поема заврши Пандев.Додека за втората книга „Вечен Живот“,зборува д-р Даниела Андоновска – Трајкоска и проф.д-р Весна Мундишевска –Велјановска ,кои истовремено беа рецензенти на книгата,а издавач на оваа книга беше „Битолски книжевен круг“.
Промоторите меѓу другото истакнаа дека книгата раскази „Вечен Живо“на писателот,поет,есеист,драмски автор,критичар,преведувач и писател за деца Петко шипинкаровски е структуирана во два дела.Првиот дел содржи пет раскази (Љубовен триаголник),а вториот соджи шест раскази со посвета „со староста и умот забегува“.
Организаторот ( неговиот син Димче Шипинкаровски ),во име на Културниот центар „Бран“додели голем број на Златни благодарници на поединци и институции кои зеле учество во програмите на КЦ„Бран“,Струшките книжевни средби и ревијата „Бранувања“.
Истакнатиот македонски писател Петко Шипинкаровски,почина на 26-ти јануари 2020 година,во Струга.Роден 1946 година во битолското село Будимирци,но повеќе од 40 години живееше,работеше и твореше во Струга.Автор е на многу раскази,романизирани монографии,раскази,поезија,драма,раскази за деца,критики,есеи.Неговото плодно творештво со над 20 објавени авторски изданија е значаен придонес во вредносниот систем на современата македонска литература.
Неговите литературни дела преведени се на повеќе јазици,особено внимание кај меѓународната јавност предизвика неговиот роман „Утринска Молитва“посветен на животот на битолските евреи.Добитник е на многубројни меѓународни литературни награди и признанија.
Шипинкаровски беше член на Друштвото на писатели на македонија,беше претседател на Културниот Центар „Бран“од Струга,што 20 години ја издаваше меѓународната ревија за литература “Бранувања“како и организатор на „Струшките книжевни средби“,кои се одржуваа секоја година во почетокот на месец јули во Струга,Охрид и Вевчани,манифестација со меѓународно учество на автори кои дебитираа на одредени актуелни теми.
СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ
Овогодинешниот 10-ти октомври, Денот на менталното здравје, доаѓа во време кога кога нашето животно секојдневие е драстично сменето како резултат на пандемија на ковид-19. Изминатите месеци донесоа многу предизвици за здравствените работници во пружање нега во тешки околности, одење на работа со стравување да не го донесат вирусот дома со себе, за студенти адаптирање на следење часови од дома, мал контакт со наставиците и пријателите, анксиозност во врска со нивната иднина, за работниците чии живеалишта се загрозени, за голем број на лица затекнати во сиромаштија или несоодветни услови со екстремно ограничена заштита од ковид-19. Економските последици веќе се чувствуваат, со отпуштање на вработени или целосен прекин на работата. А сето наведено, не е ништо во однос на справување со тагата поради загубата на блиските, понекогаш без можност од збогување. Соочување со непријатни ситуации, страв и загуби, од искуство на клиничка пракса, се одвива во 5 хронолошки фази: негирање, лутина, „ценкање“, депресија и прифаќање. Делот на јавноста е парализирана и заглавена на самиот почеток, и го негира постоењето на вирусот, што го отежнува почитувањето на мерките. Еден дел е некаде во втора фаза и се однесува бунтовнички, со отворена агресија поттикната од внатрешното незадоволство…. За лица со нарушено ментално здравје тоа донесе уште поголема социјална изолација од порано. Токму тој притисок во последниот период довел до влошување на нивната состојба, зголемен број убиства и самоубиства. Особено ранлива категорија граѓани се и лицата кои живеат сами, претежно постари лица. Но, и кај навидум здравата популација, забележлива се засилени негативни емоции, зголемена агресија, кавги, говор на омраза по социјалните мрежи, ширење паника и хистерија…Всушност, социјалните мрежи знатно го разгоруваат постоечкиот проблем, Во време на принудната изолација, тие ја преземаат улогата на терен каде секој има право да се искаже и со својот коментар, често со негативен набој, дури и со навреди и псовки, испровоцира негативни емоции кај другите. Затоа, бидете повнимателни на социјалните мрежи!Зголемена анксиозност ја ремети концентрацијата, работната меморија, когнитивните функции генерално, а со тоа и фукционалноста и работната продуктивност. Дополнително, може да предизвика несоници и со тоа се влегува со маѓепсан круг.Мотото на Денот на менталното здравје 2020 година е зголемување на инвестициите во менталното здравје (а со тоа и поголема достапност за сите граѓани), за кои се знае да изнесуваат само скромни 2%. Инвестиции во програмите за ментално здравје на национално и интернационално ниво, кои со години биле занемарени, се понеопходни од кога било. Искуства од вонредни состојби во минатото покажуваат зголемена потреба од психолошка поддршка и кризни интервенции на стручните лица, веќе сега забележливи, во следните месеци и години.Сознание дека силните негативни емоции и долготраен стрес го нарушуваат имунитетот, треба да не поттикнат самите почесто да практикуваме ментална хигиена, зошто таа за жал не се купува во аптека ! Стресот може да нѐ направи подложни на заразни заболувања, како што е КОВИД-19. Совети – размислувајте за состојбата како на предизвик а не проблем, не паничите и не се опседнувајте со пратење вести на сите можни канали, однесувајте се критично кон информациите и не ги прифаќајте здраво за готово, обидете се да ја почитувате воспоставената рутина во однос на структурираното време, практикувајте активности кои ве се пријатни, бидете постојано ангажирани и со некаков мал дневен план, одржувајте комуникација со пријатели и роднини телефонски, зошто споделувањето на емоции со нашите блиски има терапевтски ефект на општата благосостојба. Доколку негативните чувства ве преплавиле и не успевате да ги совладате, обратете се на стручно лице, психотерапевт. Гледајте на тоа како на ментална козметика!Останете безбедни !