Повредена млада девојка во сообраќајката на Железничка

Тешко повредена сопатничката на моторот во сообраќајката на улица,, Железничка”.

На 27.10.2019 во 13.15 часот на крстосница oд улиците „Железничка“ и „Винковачка“ во Охрид се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Пежо 205“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Т.Г.(71) од охридското село Долно Лакочереј и мопед „Џилера ранер СП 50“ со битолски регистарски ознаки, управуван од М.М.(24) од Охрид. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобилa сопатничката на мопедот М.М.(25) од Охрид и била пренесена во болницата „Свети Еразмо-Охрид“ за укажување на лекарска помош. Возачот на мопедот се здобил со телесни повреди и бил пренесен во Општата болница Охрид за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот изврши екипа на СВР Охрид, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. 

Повредена млада девојка во сообраќајката на Железничка

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани