Градоначалникот Кирил Пецаков и секретарот на Општина Охрид, Александар Китески, денеска, остварија сребда со претставниците на Американскиот совет на млади политички лидери.
-Ова е втора средба што ја имаме остварено во Охрид со претставници од Советот, разговаравме за начинот на кој функционира Локалната самоуправа и за тоа како е поставен политичкиот систем на функционирање. Разговаравме и за културно историските знаменитости на градот, како и за УНЕСКО.
Заедно беше констатирано дека веќе добро воспоставената меѓусебна соработка треба дополнително да ја продлабочуваме со конкретни чекори. Во рамки на оваа соработка во 2022 година бев гостин на Американскиот совет на млади политичари во Америка, информира Пецаков.