Црвен крст ќе врши превентивни прегледи на градскиот плоштад.
Во рамки на одбележувањето на празникот Св.Климент Охридски, а со цел превентивна грижа за здравјето на населението, особено во време на високи температури на воздухот, Црвен крст Охрид во текот на целиот ден на 8 август 2017 година, на Градскиот плоштад во Охрид во периодот од 9 – 23 ч. во соработка со Здружението на лица со дијабет Тип 1 Охрид, и Здружението „Мозочен удар“ Охрид ќе врши здравствено-превентивни прегледи. Медицинските екипи на Црвен крст Охрид, Здружението на лица со дијабет Тип 1 и Здружението Мозочен удар ќе бидат на располагање на сите заинтересирани охриѓани и гости кои ќе имаат желба и потреба да го дознаат своето ниво на шеќер во крвта, како и да направат основен здравствен преглед-мерење на крвен притисок, ЕКГ и добијат корисни совети за заштита на своето здравје особено при екстремно високи температури на воздухот. Потсетуваме дека традиционалната крводарителска акција Плаошник 2017 ќе се реализира во ОУ Св.Климент Охридски на 8 август во периодот од 19-24 ч. и на 9 август во периодот од 9-13 ч.