ДИК го усвои роковникот за локалните избори

Државната изборна комисија (ДИК) е подготвена за одржување на локалните избори на 15 октомври и денеска со девет гласа „за“ и ниту еден против го усвои Роковникот за извршување изборни дејствија. Кампањата почнува на 25 септември.

 

Според усвоениот Роковник, јавниот увид во избирачкиот список ќе трае од 21август до 9-ти септември. Рокот за собирање потписи за листи на независните кандидати за советници и градоначалници е од 21август до 4 септември, а политичките партии своите листи на кандидати треба да ги поднесат најдоцна до 9 септември.

Локалните избори ќе се одржат на 15 октомври годинава, а вториот круг би се одржал на 29 октомври. Изборната кампања ќе започне на 25 септември, а ќе заврши на 13 октомври, додека за вториот круг од локалните избори, кампањата ќе трае до 27 октомври на полноќ.

Болните и лицата во затвор во првиот круг ќе гласаат на 14 октомври, а во вториот круг на 28 октомври.

Потпретседателот на ДИК, Реџеп Прекопуца изјави дека ДИК е подготвена за организирање и спроведување на локалните избори и сите потребни подготовки кои се однесуваат на успешното спроведување на локалните избори се при крај.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани