Приведен жител на Велешта ги омаловажувал полицајците.
-На 30.03.2024 година во 11.40 часот, на крушната крстосница кај „Мороишки мост“, во близина на Струга, полициски службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај, го приведоа В.Р.(34) од струшкото село Велешта. Тој, претходно ги омаловажувал и бил агресивен кон полициските службеници, кои на тој патен потег, преземале службени дејствија. Против него, ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во билтенот на СВР Охрид.