Привремени вработувања во детските градинки

Општина Охрид четврта годиа во континуитет агажира невработни лица преку програмата „Општинско- корисна работа“ која е дел од поголемиот проект за оддржливи вработувања и се спроведува со поддршка на Агенција за вработување на Македонија и UNDP.

Станува збор за активност која на долгорочно невработени лица им нуди шанса за социјална вклученост преку работно ангажирање со скратено работно време, со цел стекнување на одредени вештини за полесно и постепено вклучување на пазар на труд

Општина Охрид оваа година ќе ангажира 10 лица во детската градинака ЈОУДГ Јасна Ристеска со цел да се и подобри воспитно – едукативната и образовна програма на најмладите во општината. Ќе бидат ангажирани следните профили:

– Воспитачи
– Негователи
Со оваа програма, конкретно лицата ќе бидат ангажирани во интервал од 6 месеци, ќе добиваат месечен надоместок од 6.200 денари за 20 работни часа во неделата, со вклучен персонален данок, добиваат можност да се стекнат со нови работни вештини и работно искуство. Статусот на невработено лице останува непроменет и на невработените лица- корисници на социјална помош ќе им мирува остварувањето на ова право до истекот на работниот ангажман.

Огласот за пријавување од страна на Општина Охрид е објавен на официјалната веб страница на Општина Охрид www.ohrid.gov.mk заинтересираните ќе можат да се информираат и да се пријават во Центарот за вработување Охрид.

Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за врабоитување на РМ (АВРМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и општина Охрид-, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2017 година усвоен од Владата на Република Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РМ, на ден 14.09.2017-година се објавува:

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани