Рекорден број посетители и учесници на Фестивалот на водени спортови

Охриѓани, странски и домашни туристи, деновиве сплотени во водените спортски настани на најголемиот воден фестивал. Вториот Ohrid water fest со рекорден број посетители и учесници. На шестиот ден од фестивалот утрово се одржа СУП Трки 2024 , на која учество зедов голем број охриѓани но и гости.  Попладнево е резервирано за  Балканско јуниорско првенство на отворени води-Охрид 2024 и изложба посветена на  Видовите риби во Охридско Езеро.  Вечерва во забавниот дел на платото кај хотелот Палас абава со диџеити DJ CHVARE & DJ GOCE SAF.

-„Денеска е шести ден од фестивалот на водени спортоцви. Во моментов имаме суп трки, а потоа Балканско јуниорско пливање на отворени води. Околу 200 пливачи од повеќе држави на Балканот ќе земат учество. Охрид живее овие денови  со водените спортови. Од вчера започна и оној социјално едукативен и забавен во вечерните часови имаме и забавен дел, изложби и концерти за широка публика. Морам да нагласам дека влезот е бесплатен и ги поканувам сите да не посетат да се забавуваат и да ги погледнат изложбите на подготвени од спортските клубови на тематика Охридско езеро, флора, фауна и се она што го имаме како заштитен знак“, вели Јоне Станкоски.

Во изминативе шест денови се одржаа Игри на вода, ревијална веслачка регата со кајчиња, нуркање, ревијално ватерполо, регати во кајак и кану,  едрење и уште многу спортски настани.

-„ Морам да нагласам дека за само една година успеавме да го етаблираме фестивалот на мегународно ниво и што е важно оваа година имаме минимум од 20 до 100% зголемување на бројот на учесници на секоја манифестација поединечно. И сите манифестации се од меѓународен карактер а 90% од спортовите се Олимписки спортови. Така што она што го го иамвме како замисла успеавме да создадеме еден туристичко спортски бренд кој што ќе ги обединува сите спортови  и ќе го етаблира Охрид и Македонија андвор“, додава Станкоски.

Целта не фестивалот е промоција на водените спортови но и привлекување на гости. Фестивалот завршува на 31 август  со Охридскиот пливачки маратон.

 

Новинар Соња Рилковска

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани